Close Menu
Press24
    Најново

    Голема романса за три знаци

    03.04.2026 во 23:45

    Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики

    03.04.2026 во 23:12

    САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан

    03.04.2026 во 22:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема романса за три знаци
    • Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики
    • САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан
    • Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот
    • Метео пресврт: Прво дожд и облаци, а потоа нè очекува голем скок на температурите
    • Ескалација во Иран: Бомбардирани престижни универзитети во Техеран и Исфахан
    • Во земја за цвеќиња скриле повеќе од 1,1 тон кокаин
    • Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Азири: Како може да го бараш гласот на граѓаните на Чаир кога никогаш не им побара прошка на семејствата од Скопје што беа прогласени за ‘монструми’?

    Азири: Како може да го бараш гласот на граѓаните на Чаир кога никогаш не им побара прошка на семејствата од Скопје што беа прогласени за ‘монструми’?

    14.10.2025 во 17:424 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ за општина Чаир, Сабри Азири, денеска на прес-конференција повторно упати обвинувања кон кандидатот на АКИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во врска со неговите последни изјави и негирањето на она што се случи во случајот „Монструм“, стои во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го објавува интегрално.

    ”Постојат луѓе кои мислат дека меморијата на еден народ е кратка, дека болката се заборава, дека неправдите се покриваат со прашина и дека по секој изборен циклус можат повторно да се појават како спасители. Но овојпат не поминува и не е може така. Во една нормална држава, по сè што се случи со случајот „Монструм“, Бујар Османи одамна ќе се повлечеше од политиката и јавно ќе побараше прошка и извинување. Но, наместо тоа, тој повторно излегува пред вас и бара гласови, овојпат за да го води Чаир. Да, Чаир! Истиот тој Чаир каде што живеат семејствата кои ја почувствуваа тежината на неправдата што тој ја одобри, истиот Чаир каде што мајките плачеа за своите невини синови, додека тој, тогаш како
    портпарол на ДУИ, настапуваше на телевизија и изјавуваше: „Врз основа на доказите, ние го одобривме апсењето на семејствата“. Кои докази, господине Османи? Кој ви ги дал?  И според кој закон можете политички да „одобрувате“ судски постапки?”, прашуваше денес портпаролот Азири.

    Според Азири, како може да се бара гласот на граѓаните на Чаир кога никогаш не им е побарана прошка на скопските семејства што беа прогласени за „монструми“.

    ”А денес, кога новинарите ве прашуваат за тоа време, вие велите „Не бев министер, бев доктор во клиника“. Но јавноста добро знае дека тогаш не бевте само доктор туку бевте портпарол на ДУИ. А тоа значи дека не бевте обичен граѓанин, туку гласот на власта што го оправдуваше монструозниот процес. Не требаше да бидете министер за да имате одговорност доволно беше да зборувате во име на оние што ја бранеа неправдата. Логично прашање: Oд сите Албанци во Македонија, од сите функционери во Македонија зошто баш вие бевте миленикот кој одобруваше апсење на невини албанци? И сега, истиот човек повторно се појавува во Чаир, со говори за еднаквост, достоинство и против корупцијата. Но достоинството не се мери со говори, господине Османи. Достоинството започнува со каење. А вие, цели тринаесет години, не најдовте ниту храброст ниту човечност да побарате прошка. И ако навистина имате храброст да зборувате за правда пред граѓаните на Чаир, тогаш кажете им како токму како заменик-премиер успеавте вашето име да исчезне од предметот „Пациент“? Случај во кој името на Бујар Османи, кое првично се спомнуваше во предметот, одеднаш исчезна, како некој намерно да го избришал за да ја награди тишината во вистинскиот момент”, истакна Азири.

    Понатаму, Азири рече дека Чаир е симбол на албанското достоинство, а не трамплин за политичка кариера.

    ”На првата моја прес-конференција зборував како во четири часот наутро специјалците упаднаа во нашата куќа без судски налог, како нè одведоа без причина и потоа бараа „правна покривка“ затоа што влегле во погрешна куќа. На втората, ве потсетив дека истиот човек што денес зборува за достоинство од тогаш кога одобрил апсење на невини албанци почна да му
    цветa политичката кариера. Како можете да барате гласови од граѓаните на Чаир кога никогаш не сте побарале прошка од семејствата на Скопје који што беа прогласени за „монструми“? Како можете да зборувате за правда кога бевте дел од неправдата? Како можете да барате доверба кога молчевте за вистината? Чаир е симбол на албанското достоинство, не
    отскочна даска за политичка кариера. Затоа, господине Османи, ова не е само политичка трка ова е испит на совеста. Зашто никој што не побарал прошка за неправдата не може да бара гласови во име на правдата. Чаирчани добро ја знаат разликата меѓу збор и дело. Знае кој молчеше кога требаше да зборува и кој зборува денес кога одамна требаше да
    замолчи. И овојпат, одговорот ќе дојде од граѓаните, со една едноставна, но праведна реченица: Доста беше, нема гласови за тие кои што од позиција на моќ ги казнија и им наштетија на албанците”, рече за крај Азири.

    Популарно

    Голема романса за три знаци

    03.04.2026 во 23:45

    Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики

    03.04.2026 во 23:12

    САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан

    03.04.2026 во 22:52

    Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот

    03.04.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.