Вчера во 17:20 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ги лишија од слобода В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар.
Тие се сомничат сториле кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик.
При извршена контрола, полициските службеници ја затекнале В.Б. како со нејзината малолетна ќерка питачи, а во нивна близина бил Б.Б.. Известен е јавен обвинител и на местото се, повикани таткото на малолетничката и претставници од Центарот за социјални работи од Дебар.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
- (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
- Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
- Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
- Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
- ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
- ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
- Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
- Напишани 63 казни за пијани возачи

