Close Menu
    Најново

    Паролин: Ватикан се надева дека Трамп ќе посвети повеќе внимание на војната во Украина

    15.10.2025 во 23:43

    Секој има право да седи во кафеана со кого сака, вели лидерот на ЗНАМ за фотографијата на Црвенковски со носителката на советничката листа од Охрид

    15.10.2025 во 23:30

    Филипче од Маврово и Ростуше: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

    15.10.2025 во 23:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Паролин: Ватикан се надева дека Трамп ќе посвети повеќе внимание на војната во Украина
    • Секој има право да седи во кафеана со кого сака, вели лидерот на ЗНАМ за фотографијата на Црвенковски со носителката на советничката листа од Охрид
    • Филипче од Маврово и Ростуше: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати
    • Филипче: Пораката на Венецијанската комисија е јасна, реформи за независно судство
    • Данска ги продолжува контролите по должината на германската граница
    • Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите
    • Хрватска ќе набави пресретнувачи на дронови
    • Бујар Османи: Со чесност, ред и посветеност ќе го вратиме Чаир на граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Герасимовски: Буџетот за култура двојно се зголемува, македонската култура, автори и уметници имаат вистинска поддршка во Центар

    Герасимовски: Буџетот за култура двојно се зголемува, македонската култура, автори и уметници имаат вистинска поддршка во Центар

    13.10.2025 во 12:28
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Општина Центар изминативе четири години вложува во промоција и афирмација на македонската култура, јазик и уметност преку мурали, концерти и настани посветени на културното наследство.

    „Муралот „Бушавата азбука“ во Дебар Маало е посветен на промоција на кирилицата и ги поврзува генерациите, потсетувајќи на култната детска емисија преку која го учевме мајчиниот јазик. Веднаш во близина е и муралот на големиот драматург Горан Стефановски, а во боемскиот дел на Центар е овековечен и Александар Џамбазов, легендарниот композитор, диригент и творец на Златно славејче. посочува градоначалникот на Општина Центар и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски.

    Концертот „Нешто што ќе остане“ е проект кој стана традиција во Општина Центар. Две години наназад, секоја есен, во паркот на Франкофонија се одржува овој популарен музички настан на кој настапуваат исклучиво македонски музичари и се изведува македонска музика.

    „Промоцијата на македонскиот јазик, книжевноста и уметноста е врвен приоритет на Општина Центар. Македонските автори, музичари и уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат нашата поддршка,“ порача Герасимовски.

    Редовно се реализираат и настани како меѓу генерациски средби, каде преку уметноста и хуманоста се дружат младите и повозрасните, еко-пикници за промоција на македонските производители и производи, прошетки со туристички водичи за запознавање со историјата на Центар, како и изложби и културни настани што ја оживуваат локалната сцена.

    Буџетот за култура, кој во 2021 година изнесуваше 3 милиони денари, во изминатите четири години е зголемен на 13 милиони денари, а во наредниот мандат е предвидено да достигне 26 милиони денари.

    Популарно

    Секој има право да седи во кафеана со кого сака, вели лидерот на ЗНАМ за фотографијата на Црвенковски со носителката на советничката листа од Охрид

    15.10.2025 во 23:30

    Драма на Клиниката во Тетово: Маж од Челопек тепал доктор и полицаец

    15.10.2025 во 15:59

    Филипче од Маврово и Ростуше: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

    15.10.2025 во 23:15

    Хрватското МВР со важно известување: Македонците ќе мора да влегуваат во ЕУ преку посебно означени ленти (EES) на граничните премини

    15.10.2025 во 16:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.