Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28

    Ловочуварот го затекнал со усмртено животно за време на ловостој: Приведен 56-годишен неготинец

    25.08.2026 во 14:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пред Споменикот на револуцијата во Тетово се одбележа Денот на народното востание

    Пред Споменикот на револуцијата во Тетово се одбележа Денот на народното востание

    11.10.2025 во 12:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денот на народното востание денеска во Тетово се одбележа пред Споменикот на победата во организација на Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија и гарнизонот при касарната „Кузман Јосифоски-Питу“.

    Чествувањето започна со интонирање на македонската химна и едноминутно молчење во чест на сите загинати борци во Народно-ослободителната борба и припадници на АРМ и со полагање цвеќе пред Споменикот на победата (револуцијата).

    На чествувањето беше прочитан и пригоден историски реферат за значењето на 11 Октомври.

    -11 Октомври е продолжување на Слободарските традиции на Македонскиот слободољубив народ, проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување. Со оваа одлука да пристапи кон антифашистичката коалиција, Македонскиот народ застанал на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилната негација на човековите вредности. Затоа Ве замолувам сите простум да ги чествуваме хероите кои со своите животи се заложија за слободата и ни ја овозможија државноста: Мирче Ацев, Кузман Јосифоски-Питу, Елпида Караманди, Стив Наумов, Естреја Овадија-Маре, Страшо Пинџур, Ибе Паликуќа, Ванчо Прќе, Борка Толески и многу други. Незаборав и Вечна слава на хероите но и ветување дека стоиме и ќе стоиме зад нивната жртва и почит кон нивното дело, беше посочено во рефератот.

    На одбележувањето цвеќе пред Споменикот на револуцијата положија делегации на општинската организација на Сојузот на борци Тетово, Општина Тетово, од касарната „Кузман Јосифовски Питу“, Секторот за внатрешни работи Тетово, Сојуз на борци Гостивар, Резервни воени офицери, Музеј на град Тетово,  ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Левица, Движење ЗНАМ-за наша Македонија, ВМРО Народна партија, Здружение на пензионери на Тетово, Здружение на Срби и Македонци, Македонско-Хрватско Друштво, Српска заедница на Регионален одбор Тетово

    Прочитај повеќе

    Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта

    25.08.2026 во 22:42

    Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?

    25.08.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.