Close Menu
Press24
    Најново

    Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер

    13.06.2026 во 15:41

    Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора

    13.06.2026 во 15:22

    По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник

    13.06.2026 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
    • Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје – Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора
    • По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник
    • Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково
    • Сиљановска – Давкова: Историјата е дел од нашиот идентитет, не можеме да ја ревидираме на барање на некој друг
    • Брза интервенција спречи трагедија: Маж извлечен од Вардар од очевидец кој видел дека се дави, пренесен е во болница
    • Уапсени двајца охриѓани бидејќи натепале свој сограѓанин
    • 45-годишник заврши зад решетки – полицијата му најде бела прашкаста материја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Средба на Сиљановска-Давкова со Ален Берсе: Советот на Европа има легитимитет да се вклучи во наоѓањето решенија за современите геополитички предизвици

    Средба на Сиљановска-Давкова со Ален Берсе: Советот на Европа има легитимитет да се вклучи во наоѓањето решенија за современите геополитички предизвици

    11.10.2025 во 12:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Венеција остварила средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе во пресрет на одбележувањето на 35-годишнината од постоењето на Венецијанската комисија.

    Како што информираат од Кабинетот на претседателката, на средбата биле разменети мислења за актуелните состојби на европскиот континент. Соговорниците се согласиле дека како најстара и најрепрезентативна европска институција, Советот на Европа има легитимитет да се вклучи во наоѓањето решенија за современите геополитички предизвици. Во тој контекст, генералниот секретар Берсе порачал дека во време на зголемена милитаризација на континентот и назадување на демократијата, неопходно е да се зајакнат демократските институции.

    Претседателката го поздравила Новиот демократски пакт за Европа на Советот на Европа, оценувајќи дека иницијативата може да помогне во зајакнување на демократската консолидација на европските држави заради нивна поголема отпорност на растечките авторитарни тенденции.

    Осврнувајќи се на македонските евроинтеграции, претседателката истакнала дека поради билатерализацијата, интегративниот процес, наместо да значи исполнување на Копенхагенските критериуми, се злоупотребува за да се наметне ревизија на историјата. Според неа, исполнувањето на обврските и препораките на Советот на Европа и Венецијанската комисија, како и пресудите на Европскиот суд за човекови права треба да бидат обврска на секоја од земјите-членки.

    Од Кабинетот на претседателката информираат дека во однос на земјите од Западниот Балкан, генералниот секретар Берсе посочил дека ако не се отфрлат двојните стандарди, Европската Унија ќе ја изгуби не само кредибилноста, туку и можноста да дејствува во регионот. 

    Прочитај повеќе

    По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник

    13.06.2026 во 15:12

    Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково

    13.06.2026 во 14:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.