Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Во тек е конструкција на паркот „Жена Борец“
    • Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње
    • Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола
    • Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари
    • 17-годишна девојка физички и психички малтретирала од невенчниот супруг и неговите мајка и сестра
    • Семејна драма во Тетово: Со нож ѝ се заканувал на мајка си и уште една роднина
    • Тетовец тепал 11-годишно дете
    • Алкохолот поскапел најмногу: 2,7% инфлација во септември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши: Собранието треба да е катализатор на промените во домувањето и енергетската ефикасност

    Гаши: Собранието треба да е катализатор на промените во домувањето и енергетската ефикасност

    10.10.2025 во 17:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши оствари средба со претставници на глобалната мрежа од САД „Habitat for Humanity International”, како и со претставници на „Хабитат Македонија”.

    Средбата се реализираше во рамки на одбележувањето на 20 годишнината од основањето и работата на Хабитат Македонија во нашата држава.

    На средбата претседателот Гаши ја честиташе годишнината која се одбележува оваа недела и подвлече дека до сега нема институционална трага за соработка меѓу Собранието и Хабитат Македонија. Со оглед на важната мисија и активности кои Хабитат, но и стратешкото партнерство на Македонија и САД, Гаши укажа дека со институционализирање на соработката меѓу Собранието и Хабитат активностите ќе станат повидливи, а свесноста за важноста од социјалното домување, енергетската ефикасност и енергетската сиромаштија ќе се крене на повисоко ниво. Претседателот истакна дека пратениците, преку поднесените предлог – закони треба да се катализатор на унапредувањето на законските одредби за домување и енергетска ефикасност.

    Националниот директор на „Хабитат Македонија”, Зоран Костов во своето обраќање се заблагодари што за прв пат претседател на Собранието организира средба со Хабитат и се согласи за потребата од продлабочување на Соработката. Во своето обраќање се фокусираше на Законот за домување кој по 13 години јавни дебати, конечно се усвои во мандат на овој парламентарен состав. Отвореноста на претседателот и Собранието за соработка со Хабитат ја оцени како особено значајна бидејќи претставува директна придобивка за граѓаните и квалитетни закони кои се предложени и гласини од директните претставници на граѓаните.

    Учесниците на средбата се согласија дека секоја активност која се темели на благосостојбата на човекот мора да е приоритет за политичарите. Достоинствениот живот на граѓаните е универзално право за секоја индивидуа. Промената на фокусот наративот на политичарите за важноста на  домувањето, неминовно ќе се рефлектира на целокупното законодавство во било која држава.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е конструкција на паркот „Жена Борец“

    07.10.2026 во 14:21

    Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње

    07.10.2026 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.