Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој

    10.06.2026 во 11:03

    Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа

    10.06.2026 во 10:53

    Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра

    10.06.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој
    • Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа
    • Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра
    • ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска
    • Вртоглави цени во Европа: Еве во кои градови квадратот надминува 18.000 евра, а стан со една спална е милион
    • Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

    Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

    09.10.2025 во 21:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Центар, во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври, која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина! се осврна на политичките противници и истакна дека народот ќе ги порази на овие избори  а на митинзите на СДС дури и нивните пратеници не им доаѓаат, Венко Филипче и Заев се сами.

    „Вчера нашите противници беа тука, освен тоа што кажаа дека ќе не направеле салата, на изборите, друго не понудија. Заев нудеше живот и ајро, а Венко среќа и салата. А вистината е дека ниту среќа ќе донесат, ниту салата ќе не направат. И знам дека зад тоа простодушно храбрење на сопствените митинзи, се крие огромен страв од поразот кој го чека, но еве да му соопштам на Венко дека народот салата нив ќе ги направи на овие локални избори. И разбирате дека СДС е партија на проблеми, го оставиле Венко сам да ја трга маката која сам си ја прифати и создаде, и товарот кој сам си го впрегна на грбот. Впрочем, тој, а да не кажам и Заев и неговиот струмички гуру, ја управуваат СДСМ, но е јасно дека Венко покрај помошта на неговиот гуру, ако воопшто може да се нарече некаква помош, од друго нема. На неговите митинзи со лупа не можете да најдете некој пратеник од неговата пратеничка група во Собранието, не можете да најдете ниту некој друг висок функционер, затоа што бродот кој тоне сите го напуштаат, а СДСМ со овие луѓе на чело одамна е во стечај. А таму се затоа што не извлекоа поука од ниту една работа што ѝ ја направија на Македонија. Нереформирани и во целосна безидејност. Никаква промена не направија“ нагласи Мицкоски.

    Мицкоски истакна дека СДС се нереформирани и се истите тие луѓе кои виткаа кичма и потпишаа капитулација со Бугарија.

    „Тие се истите луѓе кои виткаа кичма на секое прашање важно за државата, истите луѓе што потпишаа капитулација каде и да стигнат за пуста власт. И не за џабе токму Венко и неговиот гуру се македонските политичари со највисок рејтинг во Бугарија, затоа што реченицата што еден бугарски политичар ми ја кажа во четири очи, „ас сам платил“, е реченицата што ја објаснува секоја попустливост на Венко и СДСМ во однос на ова прашање. И затоа денеска матат некакви црвени линии кои се убаво запакуван поклон за Бугарија, и затоа не одговараат на просто и едноставно прашање, ако капитулацијата пред нашиот источен сосед бил најдобриот предлог што го штити идентитетот, како што тие тврдеа, тогаш зошто се црвени линии?

    Јасно е дека црвените линии им требаат за нови отстапки и ново предавство, тие и сите треба да знаат, нема никогаш да дозволам да се случи била каква отстапка додека јас ја имам одговорноста да ја водам Владата а притоа македонскиот народ и Македонија да не добијат реципроцитет“ заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ

    10.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.