Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гeрасимовски: Центар сам ќе се  грижи за хигиената, доколку Градот нема решение
    • СДСМ поднесе законски измени: Министрите без двојно државјанство, бараат правилото да важи веднаш
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС во координација со српски опозиционери за формирање фронт во Србија
    • „Повардарие“ онлајн – Нови дигитални алатки за економски раст и регионална промоција обезбедени преку „ЕУ за општините“
    • Артан Груби останува во куќен притвор – судот ја продолжи мерката за 30 дена
    • Се огласија од ОЈО: Сејдини е уапсен за проневера и злоупотреба
    • ВЛЕН: Албанските културни институции се зајакнуваат – најавени нови вработувања во Тетово и Скопје
    • Битола гради „паметен“ водоводен систем: Со швајцарска поддршка, ЈКП „Водовод“ оди кон целосна дигитализација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) СДСМ: Искршени стаклата на штабот во Градско

    (ФОТО) СДСМ: Искршени стаклата на штабот во Градско

    09.10.2025 во 10:321 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кампањата и изборниот процес секојдневно се нарушува со некакви инциденти, провокации или злоупотреби на институциите кои наместо за граѓаните се ставени во функција на ДПМНЕ, велат од СДСМ.

    „Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско.

    Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди.

    СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни.

    Му порачуваме на ДПМНЕ дека никој не им се плаши. Ги повикуваме јавно, барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, без инциденти.

    Бараме МВР и Панче Тошковски да не ги штитат насилниците, туку веднаш да постапат, без партиски директиви, МВР да го расчисти случајот до крај и сторителите да одговараат.

    СДСМ ќе продолжи достоинствено, мирно и храбро да ја води кампањата затоа што оваа борба е за нашата држава, за нашиот дом, за Македонија.

    Од народната волја бегање нема а изборен пораз не се брани со камења, тоа досега требаше да го научите“, стои во соопштението од СДСМ

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.