Ноќеска во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп.
Во 02:50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот, на бул.„АСНОМ“ од слобода се лишени Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), двајцата од Скопје.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
- Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
- Напишани 63 казни за пијани возачи
- Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
- Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
- Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
- Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото
- Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка
- Тепачка во Батинци: Пет лица нападнале 41-годишен маж и неговиот малолетен син

