Close Menu
    Најново

    Шукова најави „Скопје без хартија“: Дигитална револуција за транспарентен и ефикасен град

    08.10.2025 во 13:15

    Почна куќниот затвор со алка: За првпат во Македонија се спроведува електронски надзор на осудено лице

    08.10.2025 во 13:10

    Хорор во Битола: Автомобил прегази пешак и неговото куче, човекот итно пренесен во болница, миленикот усмртен

    08.10.2025 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Шукова најави „Скопје без хартија“: Дигитална револуција за транспарентен и ефикасен град
    • Почна куќниот затвор со алка: За првпат во Македонија се спроведува електронски надзор на осудено лице
    • Хорор во Битола: Автомобил прегази пешак и неговото куче, човекот итно пренесен во болница, миленикот усмртен
    • Со камен му го пукнал черепот – во кома кандидат за советник во Виница
    • Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца
    • За 20 години со Али половина од Албанците се иселија од Македонија
    • Османи: Ја предизвикувам дводецениската матрица на „не можеме“ во Чаир
    • Герасимовски: Покажав дека општината е над политиката
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Притвор за сопственичките на домови за стари лица во Скопје: Вршеле психичка и физичка тортура, давале непотребни лекови

    Притвор за сопственичките на домови за стари лица во Скопје: Вршеле психичка и физичка тортура, давале непотребни лекови

    08.10.2025 во 09:41
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични дела – продолжена Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и Малтретирање во вршење на службата од член 143 од Кривичниот законик.

    Со дејствијата што ги координираше јавниот обвинител во изминатите два дена, обезбедени се докази со кои се потврдува основано сомнение дека двете осомничени, во својство на сопственички и овластени лица на две приватни установи за социјална заштита на стари лица во Скопје, постапувале спротивно на Законот за социјална заштита и со намера да прибават за себе имотна корист потешко ги повредиле правата на згрижените лица. Двете приватни установи, во периодот од 2022 година до денес, не ја вршеле дејноста во рамки на издадените дозволи, односно сместувале корисници над дозволениот капацитет, неуредно ја воделе пропишаната евиденција за корисници на социјална услуга, не поседувале досие со стручна документација за сите корисници, не воделе евиденции за одржување на личната хигиена на корисниците, немале вработено соодветен број стручни кадри во смена, а имале  вработено лица без соодветна документација за вработување и немале обезбедено четири дневни оброци со соодветна спецификација за дистрибуираните оброци, како што налагале правилата за нивно работење и условите од решенијата издадени од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Сите недоследности и неправилности се констатирани во записник од извршениот вонреден инспекциски надзор, а за услугата која не исполнувала стандарди и законски услови, од корисниците и нивните блиски наплаќале значителен паричен износ. Месечно од двата објекти остварувале имотна корист во вкупен износ од 2.232.000 денари.

    При извршените претреси во двете установи, од кои едната на улицата “Рудо” во Бутел, а другата на улица “Козара” во Центар, утврдено е дека двете осомничени, како лица што постапуваат во службено својство, вршеле физичко и психичко насилство со цел да им нанесат физичка и душевна болка, односно страдање на корисниците и ги изложувале на сурово, нечовечко и понижувачко однесување. Првообвинетата во домот во Бутел сместила 27 корисници – стари лица, иако имала дозвола само за 21 лице, а заедно со второобвинетата во установата во Центар сместиле 33 корисници – стари лица, иако имале дозвола само за 17 лица. За грижа и нега на лицата немале обезбедено соодветен број редовно вработени стручни кадри.

    Спротивно на сите правила, во собите сместувале женски и машки лица заедно. Немале обезбедено кревети за сите корисници, па дел од корисниците спиеле на троседи во дневната соба или по две лица спиеле на ист единечен кревет. На сите корисници во двете установи им биле служени оброци со производи со изминат рок, за што се земени и мостри од храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Дел од корисниците биле постојано заклучувани во посебни простории, а на еден дел им била давана терапија со лекови кои не биле препишани од лекар. По наредба на јавен обвинител, на сите згрижени лица им е извршен лекарски преглед и анализи од страна на стручни лица од Институтот за судска медицина. Установите се затворени, а со координација на надлежните државни органи за корисниците е обезбедено соодветно сместување.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двете осомничени за нехуман, суров, деградирачки, нечовечки и понижувачки третман на стари лица за кои нивните семејства плаќале услуга за вонсемејно домување. Предлогот е прифатен и на осомничените им е определена притворската мерка.

    Популарно

    „Јас че ти кажам кога црвено, кога зелено“: Славјанка Петрвоска се збогува со Панчо Минов

    08.10.2025 во 11:42

    МВР поднесе кривична против сопственичките на домовите за стари лица: Им давале храна со изминат рок, ги заклучувале

    08.10.2025 во 09:59

    Голем пожар кај спортскиот центар „Јане Сандански“: Изгореа два камиони и автомобил, приведени пироманите

    08.10.2025 во 09:52

    Што ги чека патниците од Македонија при влез во ЕУ – од недела стартуваат новите правила

    08.10.2025 во 09:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.