Close Menu
Press24
    Најново

    Знаци дека некоја личност манипулира со вас: Обрнете внимание на 7 психолошки трикови

    04.05.2026 во 23:49

    Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода

    04.05.2026 во 23:36

    Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд

    04.05.2026 во 23:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Знаци дека некоја личност манипулира со вас: Обрнете внимание на 7 психолошки трикови
    • Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода
    • Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд
    • Луѓето родени во мај се посебни, ги красат овие карактеристики
    • Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
    • Цената на нафтата „Брент“ надмина 115 долари по нападите врз Обединетите Арапски Емирати
    • Тинејџери шамареле деца на игралиште: Ново сведоштво за насилство во Скопје
    • Путин прогласи еднострано примирје на 8 и 9 мај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинителство: Индициите НЕ упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

    Обвинителство: Индициите НЕ упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

    07.10.2025 во 17:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Двајца обвинители од Основното јавното обвинителство Куманово вршат увид на местото на оружениот инцидент  во центарот на Куманово, во кој е повредено едно лице. Според ЈОРСМ, првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но обвинителството ги проверува сите околности.

    -Во однос на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат, соопшти Обвинителството.

    Повредениот е З.Ш. лекар по професија, вработен на Клиниката за пулмологија. Тој е актуелен претседател на Советот на општина Липково и е носител на советничката листа на НАИ предводена од ДУИ за претстојните локални избори. 

    Директорот на кумановската општа болница, Сашо Стошевски претходно изјави дека повредениот од денешното пукање на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во Куманово е вон животна опасност, а по завршените првични медицински иследувања е пратен за Скопје.

    -Кај нас е донесено лицето со иницијали З.Ш. со четири прострелни рани во пределот на левата подлактница и десно колено. Направени се сите иследувања кај нас согласно сите протоколи за лекување. Лицето е вон животна опасност и е пренесено веднаш на Клиника за трауматологија во Скопје, изјави Стошевски.

    МВР соопшти дека инцидентот се случи денеска во 13.54 часот во СВР Куманово на крстосница од улицата „Димитрије Туцовиќ“ со ул. „11 Октомври“ во Куманово.

    -Две лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ш.(43) од с. Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, се наведува во информацијата од МВР. а

    Прочитај повеќе

    Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода

    04.05.2026 во 23:36

    Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд

    04.05.2026 во 23:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.