93-годишна жена возејќи автомобил излетала од коловозот кај Охрид

93-годишна жена се здобила со тешки телесни повреди откако доживеала сообраќајна несреќа со автомобилот кој го управувала.

„На 09.09.2021 во 20.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, на влезот за с.Свиништа, патничко моторно возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.И.Ч.(93) од Стар Дојран, излетало од коловозот.

Во незгодата Д.И.Ч. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид“, информираше МВР.

10.09.2021 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега