Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 65-годишниот К.Н. од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 15 март 2025 година, во Казнено-поправна установа Прилеп, затворската полиција извршила претрес на пратка наменета за еден осуденик, при што пронашле и одзеле кокаин, соопштија од МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот, надлежните ќе продолжат со соодветни мерки и постапки.

