6.484.916 денари за настаданите до вечерва на сметката на ЦК

 

Веќе втор ден како течат активностите на Црвениот крст за поддршка за настраданите во пожарот во Кочани. Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите.

Во интензивна комуникација со релевантните институции се следи ситуацијата и се прават проценки на потреби за хуманитарен одговор.

На пунктовите на Црвениот крст пред болниците во Скопје, Штип и Кочани, граѓаните може да добијат дополнителни информации за нивно сместување, освежување, храна, прва помош и прва психолошка помош.

Граѓаните можат да добијат прва психолошка помош на броевите 071/338-081 во Кочани, 074/203-030 во Штип и 072/271-048 во Скопје.

Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население. Досега се обезбедни вкупно: 6.484.916,00 денари. За сите идни донации замолуваме да се следат нашите повици со цел ефикасно да одговориме на идентификуваните потреби.

За помош и поддршка на лицата хоспитализирани во земјите во регионот во соработка со партнерските национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина:

  • За лицата во болниците во Република Бугарија, Црвениот крст на Бугарија ќе овозможи транспорот, сместување, психосоцијална поддршка и друг вид на помош за членовите на семејствато на повредените лица. Информации за помош може да се добијат со контакт во Бугарски Црвен крст: (+359) 02 492 30 40 и Црвен крст на Република Северна Македонија: (+389) 71 341 985. Информации за хоспитализираните лица може да се добијат на јавување во Министерството за здравство на Република Бугарија: (+359) 02 805 03 00.
  • За лицата во болниците во Република Србија, Црвениот крст на Србија ќе овозможи поддршка за членовите на семејството на повредените лица од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Република Србија. Информации за помош може да се добијат со контакт во Црвен крст на Србија: (+381) 62 880 15 18 и Црвен крст на Република Северна Македонија: (+389) 71 341 985.
  • За лицата во болниците во Република Хрватска, Црвениот крст на Хрватска ќе овозможи поддршка за членовите на семејството на повредените лица од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Република Хрватска. Информации за помош може да се добијат со контакт во Црвен крст на Република Северна Македонија: (+389) 71 341 985.

Ве повикуваме и понатаму сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку:

  • Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
  • Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
  • Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
  • За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

17.03.2025 - 23:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега