Close Menu
Press24
    Најново

    Се уште не научив како да живеам со овие длабоки лузни: Елена Ристеска за годишнината од пожарот во Пулс

    16.03.2026 во 11:56

    Ристеска со емотивна порака по една година од големата трагедија: Сè уште не научив како да живеам со овие длабоки лузни

    16.03.2026 во 11:56

    Премиерот во Кочани: Мајка на загинатo девојче му стави беџ со скршено срце

    16.03.2026 во 11:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се уште не научив како да живеам со овие длабоки лузни: Елена Ристеска за годишнината од пожарот во Пулс
    • Ристеска со емотивна порака по една година од големата трагедија: Сè уште не научив како да живеам со овие длабоки лузни
    • Премиерот во Кочани: Мајка на загинатo девојче му стави беџ со скршено срце
    • Мицкоски во Кочани: Македонија памети, болка и празнина во сечие срце
    • Емотивна порака: „Времето не лекува кога родител изгубил дете, куќата без тебе не е куќа”
    • Зеленски: Путин само симулира преговори, потребен е брутален притисок од Америка
    • Илчо од Брза помош, херојот во Кочани – Возеше со часови да спаси животи, па почина во сон
    • Високата претставничка на ЕУ предложи нов модел за деблокада на Ормутскиот теснец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 63 бели столчиња, но нема кој да седне на нив – Тишина и тага во Кочани една година по пожарот во Пулс

    63 бели столчиња, но нема кој да седне на нив – Тишина и тага во Кочани една година по пожарот во Пулс

    16.03.2026 во 10:161 Min Read
    Принтскрин, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Со поставувањето на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска во Паркот на револуцијата во Кочани започна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој на 16 март минатата година згаснаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Шеесет и три бели столчиња, секое со по една бела роза и отворена книга за жалост, беа поставени во тишина како немо сведоштво за животи прекинати во најубавите години.

    „63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат – секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и место што никогаш нема да биде исполнето“, беше пораката што ги пречека присутните, меѓу кои делегации, семејства на загинатите и останати граѓани пред Домот на културата во Кочани.

    Настанот, кој го организираа Општина Кочани и родителите на загинатите, започна во 8:45 часот и е дел од централната програма за одбележување на годишнината.

    При приемот на гости и делегации за комеморативниот настан „Ден на сеќавање – 16 март 2025“, кој започнува во 10:30 часот во Центарот за култура „Бели мугри“, пред визуелниот споменик посветен на недовршените соништа на прерано починатите беше отворена и книга на жалост.

    Популарно

    Нафтата драстично поскапе

    16.03.2026 во 09:25

    Трамп со ултиматум до НАТО: Помогнете во Ормутскиот теснец или Алијансата ја чека „многу лоша“ иднина

    16.03.2026 во 09:23

    Макрон со остра порака: Неприфатливо е Франција да биде цел на напади

    16.03.2026 во 10:10

    Малолетник преживеал хорор во Чаир

    16.03.2026 во 08:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.