61-годишна жена од БиХ ја финансирала Исламска држава

61-годишна жена од Босна и Херцеговина е обвинета за финасирање на терористичката организација Исламска држава со речиси 115.000 евра, вклучително и лично пренесување пари во Сирија за борците од БиХ.

61-годишната Сена Хамзабеговиќ финансирала босански државјани кои заминале да војуваат во Сирија и Ирак во редовите на ИСИС.

Станува збор за луѓе кои се бореле во организиите Џабет ал Нусра и фронтот Ал Нусра кои се поврзуваат со ИСИС. Државјаните на БиХ учествувале во вооружени терористички напади, убиства и незаконски приведувања.

07.09.2021 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа