Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа.

Од вкупно 8.848 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 15:30 часот своето право на глас гооствариле вкупно 5385 гласачи.

Од вкупно 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, од нив своето право на глас до 15:30 часот го оствариле 810 гласачи.

Во установите за вонсемејна грижа, до 15:30 од 442 лица сместени во овие установи гласале 135 гласачи. Гласањето за сите овие категории на гласачи тече непречено и без никакви проблеми и недоследности.

Exit mobile version