На 12/13.12.2025 година, при вршење на патролна служба во водите на Охридското езеро во близина на селото Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пронајдоа и одзедоа единаесет рибарски мрежи со должина од околу 550 метри со улов од 537 парчиња риба Охридска Белвица со вкупна тежина од 55.7 килограми.
Од 01.12.2025 година до 28.02.2026 година, на сила е Забраната за риболов, поради период за природен мрест на рибите и се однесува за сите риболовни зони во Охридското езеро поради што, контролните активности по Охридското езеро се интензивирани.
Се преземаат мерки за утврдување на сопственоста на мрежите по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
- Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
- Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
- Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
- Македонското обвинителство ја зајакнува соработката со Словенечката развојна академија: Акцент на финансиски истраги и ЕУ-реформи
- Син ми е нападнат од негов соученик – Загрижена мајка пријавила во полиција
- Погледнете какви температури се измерени ширум Македонија вечерва во 20 часот
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски од Горно Оризари: Дадениот збор се оправдува со работа, завршена е реконструкцијата на улицата и новите терени за жителите

