46-годишна жена го нападнала нејзиниот сопруг а претходно со нож му се заканила и на нивниот син

 

Жена од гостиварско село го нападнала својот сопруг а претходно со остар предмет му се заканила и на нивниот син.

Според полицијата, вчера околу 15 часот и 30 минути полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар од слобода ја лишиле 46-годишната Л.К. од гостиварско село.

Жената била пријавена од нејзиниот 63-годишен сопруг дека претходната вечер физички го нападнала, откако претходно со остар му се заканила и на нивниот син.

Таа била задржана во Полициската станица во Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, соопштија надлежните.

31.03.2023 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега