45 пати е побогат од Роналдо: Тој е најбогатиот фудбалер на светот за кој веројатно никогаш не сте чуле

Љубителите на фудбалот ги обожаваат бројните листи кои се поврзани со финансиите – кои фудбалери најмногу вредат на пазарот, кои се најскапо платени трансфери и кој има највисока плата во светот на фудбалот.

Но, сигурни сме дека никогаш не би погодиле кој е најбогатиот фудбалер на светот. Не, не е Кристијано Роналдо ниту Лионел Меси, иако меѓу себе имаат 11 Златни топки и 9 освоени титули во Лигата на шампионите. 

Станува збор за 22-годишниот Фаик Болкија, кој е капитен на репрезентацијата на Брунеј. Во истражувањето кое го спровел шпанскиот весник “Marca”, Болкија е најбогатиот фудбалер на светот со богатство од 20.000.000.000 долари. Да, 20 милијарди долари!

Но, од каде потекнува неговото богатство? Фаик е син на Џефри Болкија, брунејски принц, а воедно е внук на брунејскиот султан Хасанал Болкија. Султанот е еден од најбогатите луѓе на планетата – некаде се споменува дека неговото богатство достигнува сума и до 28 милијарди долари, а “Marca” пишува дека младиот Фаик се споменува во тестаментот на султанот.

Брунеј е земја која по бруто домашниот производ по глава на жител спаѓа во најбогатите земји на светот.

Што се однесува до остатокот на листата, следуваат играчи кои сите добро ги знаеме – на второто место е Кристијано Роналдо со богатство кое се проценува на 450 милиони долари, а Лионел Меси е на третото место со 400 милиони долари. Ниту еден друг играч не поседува богатство поголемо од 200 милиони долари – Златан Ибрахимовиќ има 190 милиони долари, Нејмар – 185 милиони долари и Вејн Руни – 160 милиони долари.

Во топ 10-те најбогати фудбалери спаѓаат и Герет Бејл и Андрес Инjеста (по 120 милиони долари), Еден Азар (100 милиони долари) и Пол Погба (85 милиони долари).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.06.2020 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега