43-годишно лице со „рено“ прегази баба

На 02.06.2023 во 15.00 часот било пријавено дека во Битола, на крстосница од ул.„Широк Сокак“ и ул.„11 Октомври“, патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(43) од Битола, удрило во пешакот П.Ј.(77) од Битола, информираат од МВР.

Во несреќата П.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. 

03.06.2023 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега