40 години затвор за Славе Илиев кој во селото Подлес смртно застрела едно, а рани друго лице по расправија за вода

40 години затвор доби Славе Илиев од село Подлес, Општина Градско, за убиство кое го стори на 12 јуни годинава а при тоа доведе во опасност по живот и уште едно лице.

Тој го призна делото а во Основен суд Велес беше прогласен за виновен од кривичниот совет со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова.

Причината за кавгата во која смртно беше застрелан 42-годишниот Миле Димов, а ранет 44-годишниот Миле Воденичаров, според Обвинителството, била кавга за водоводна инсталација.

-Двајцата соседи на обвинетиот со цел да се приклучат на мрежната водоводна инсталација со соодветен алат започнале да извршуваат ископ на земја на десетина метри од влезната врата на Илиев. Откако тој, со кого оштетените имале претходно нарушени односи ги забележал, дошол со полуавтоматско кусо огнено оружје – пиштол што неовластено го поседувал и започнал да пука кон нив, кажа обвинителката Аделина Станинова, пренесе СДК.МК.

Бранителот на обвинетиот, адвокат Дејан Трајчевски најави желба на изречената затворска казна.

 

29.09.2023 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега