4 совети за правилно перење и одржување на градникот
Правилното одржување на градниците е скоро невозможно. На крај повторно и повторно нашиот омилен градник се расипал во машината или пак при рачното перење.
Што сега?
Повеќето градници бараат рачно перење и затоа потребно е да се придржуваме кон следните 4 правила доколку сакаме тие подолго да траат…
1. Лаворот или мијалникот наполнете го со млака вода и додадете малку детергент за перење на облека.
2. Во водата ставете го градникот, наквасете и оставете го еден час.
3. Потоа, извадете го градникот и наполнете нова вода. Потопете повторно и внимателно поминувајте ги корпите со нежно триење.
4. Повторете неколку пати, а потоа внимателно исцедете ја водата.
Совет плус: Доколку вашиот градник на рабовите од корпите има темни траги, во вода со детергент наквасете го, а потоа со обична крпа внимателно тријте го местото.
Доколку на градникот постои етикета која вели дека може да се пере во машина за перење, пред да го ставите во машина, закопчајте го одзади. На овој начин сигурно нема да се растегне или пак да се фати на другите алишта.
Внимателно користете и детергент, потребно е да одберете благ. Најдобар е оној за перење на волна.
1. Закопчете го градникот и ставете го во мрежа за перење облека, а потоа во машина;
2. Гардниците не ги перете заедно со обична облека од потежок материјал како фармерки, ткаенина и сл;
3. При перење на градниците поставете ја машината на перење на чувствителни материјали, или наредба која има лесна центрифуга;
4. По перењето израмнете ги корпите на градникот за да не останат згужвани и деформирани;
– ставете суви пешкири во корпата (доколку има потреба). На тој начин корпата ќе се исполни и израмни. Пешкирот ќе ја впие влагата.
– при сушење не ги фаќајте со штипка препрамките од градникот, бидејќи голема е можноста да се растегне. Само префрлето го еднакво на местото за сушење;
– сушете подалеку од изворот на топлина;
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа