35-годишниот пациент кој вчера почина на Инфективна од коронавирус немал претходни заболувања

Министерството за здравство потврди дека триесет и петгодишниот пациент кој вчера почина од коронавирус на Инфективната клиника во Скопје немал никакви претходни заболувања, пишува ТВ21“.

Од таму велат дека пациентот една недела бил болен со покачена температура, главоболка и малаксаност.

„Лекуван е од страна на матичниот лекар и на 26 октомври е примен на Инфективната клиника каде по кратко време настало нагло влошување на состојбата. Немал други болести”, велат од Министерството за здравство.

Имено, 35-годишниот пациент кој се лекувал од коронавирус на Инфективната клиника во Скопје вчера беше најмладиот починат пациент.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа