32-годишна жена му се заканувала на семејството и била агресивна - заврши во полиција

 

Полицијата доцна синоќа приведе 32-годишна девојка од Прилеп која агресивно се однесувала и им се заканувала на членовите на нејзиното семејство.

„На 26.05.2023 во 02:00 часот во Прилеп од полициски службеници од Полициската станица Прилеп била лишена од слобода К.И.(32) од Прилеп поради тоа што во домот агресивно се однесувала и упатувала закани кон членови на нејзиното семејство“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

28.05.2023 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега