30-тина вработени на Инфективна ја немаат добиено ветената награда од Министерството за здравство

30-тина вработени на Инфективната клиника се уште ја чекаат еднократката помош од 30.000 денари кои ја најави Министерството за здравство. 20-тина од нив се медицински сестри и болничари, јавува ТВ 24.

Станува збор за вработени кои дошле од други клиники и пред да добијат решенија во декември, два месеца работеле со договор на дело. Велат дека работат со најтешко болните и се надеваат дека ќе бидат третирани како и останатите кои биле наградени. 

Од Инфективна за ТВ 24 велат дека станува збор за вработени кои во моментот кога се правеле списоците, сѐ уште не почнале со работа.

„Списокот беше креиран на крај на октомври. Конечниот список го испративме на 13.ноември, некои од нив беа почнати, а некои воопшто не беа почнати со работа. Поради зголемените потреби со пандемијата во текот на ноември и декември ангажиравме 37 лица кои на крај на декември 2020 добија решенија за работа. Постои момент на дискрепанца со датумите, но во следниот период, како што се најавува, секако дека ќе добијат награда“, изјави за ТВ 24 Мирјана, Пехчевска Поп Илиева, економски директор, Клиниката инфективни болести.  

Претходно, административните работници од Градската општа болница „8-ми Септември“ излегоа на протести поради тоа што не ја добија еднократката помош. Тие секој ден паузата ја користеа за искажување револт бидејќи не биле вметнати во списоците за наградата од 30.000 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2021 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега