30-дневен притвор за мажот кој се обиде да силува жена во Кисела Вода

 


Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни деликти при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка за кривично дело „полов напад и силување“ предвидено и казниво по член 186 ст.1 в.в. чл.19 од КЗ против 31-годишниот С.Г. од Скопје затоа што на 05.09.2024 околу полноќ на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30-годишна жена од Скопје, извести МВР.

С.Г. е лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

06.09.2024 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега