На 03.10.2026 во 19:00 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш лишија од слобода 39-годишен жител на тоа село, кој, според пријавеното, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга.
Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.


