СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Џ.(26) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
– На 27.07.2025, пријавениот испукал еден куршум од возило „фолксваген голф“ во движење. Додека, подоцна, при претрес во домот и просториите каде престојува, пронајдени и одземени се пиштол „црвена застава“ М-57, пиштол АГ-9 и пиротехнички средства, информираа од полицијата.