23-годишник пазарувал на интернет со туѓи картички, оштетил две лица за 130.000 денари
СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Г.Д.(23), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, соопшти МВР.
Пријавениот обезбедил податоци од платежни картички на две лица и во периодот од 31.05.2022 до 17.06.2022 ги употребил за плаќање на повеќе интернет продажни места.
Притоа, едното лице го оштетил за сума од 120.310 денари, а другото лице го оштетил за сума од 14.901 денари, со што за себе остварил противправна имотна корист во вкупен износ од 135.211. денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа