22-годишен пациент од Прилеп почина од Ковид-19
22-годишен пациент е најмладата жртва од Ковид-19 во изминатите 24 часа. Според статистиката на Министерството за здравство, меѓу 27-те починати има и 22 годишен пациент од Прилеп.
-Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лица: 9 починати лица од Скопје (68г, 73г, 77г, 81г, 82г, 84г, 84г, 86г и 87), по 3 починати од Кавадарци (69г, 78г и 88г) и Битола (66г, 67г и 73г) и по едно починато лице од Демир Капија (73г), Куманово (86г), Неготино (87г), Прилеп (22г), Струга (76г), Струмица (73г) и Тетово (58г). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови, се вели во дневната статистика од Здравство.
Засега нема информации дали пациентот пател од претходни хронични заболувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа