Вчера во 20:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека од трет кат од куќа на подрачјето на општина Илинден, каде бил на гости со мајка му, паднал 19-годишник од Скопје кој имал здравствени проблеми, информира МВР.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.

Exit mobile version