19-годишник со „сеат леон“ прво се забил во диви свињи, а потоа удрил и во друго возило
На 09.09.2022 во 03.00 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Штип во близина на наплатна рампа Преод, патничко моторно возило “сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(19) од с.Батинци-скопско удрило во диви свињи, а потоа и во запрено патничко моторно возило “ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил возачот Б.С.(26) од с.Средно Коњари-скопско, информираат од МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото “сеат леон“ А.М.(19) и М.И.(26) двајцата од с.Батинци, а со телесни повреди се здобиле В.А. и Б.С., констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, се наведува во соопштението на МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа