19-годишник по потекло од Македонија е главен осомничен за можен терористички напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена
Во Австрија се уапсени двајца екстремисти, а еден од нив е осомничен дека планирал напад на некои од настаните во Виена, вклучително и на претстојните концерти на Тејлор Свифт. Еден од уапсените лица е 19-годишно момче со потекло од Македонија.
Извршен е претрес на куќата на 19-годишниот маж кој е уапсен, при што се одземени одредени предмети, како и пронајдените „хемиски материи“. Момчето наводно работело за хемиска компанија.
Според неофицијални информации, неколку недели претходно се заколнал на лојалност на терористичката организација Исламска држава (ИД), а соседите за медиумите изјавиле дека неодамна забележале промена во неговото однесување.
Своите планови за терористички напад наводно ги споделил со друг симпатизер на ИД преку смс пораки, а полицијата заклучила дека токму на концертот можел да биде изведен нападот, според неговите пребарувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа