15 лица на подрачјето на СВР Велес ќе платат казна за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници припадници на Секторот за внатрешни работи Велес казниле 15 лица за неносење маска. 

„Во период 15/16.09.2021 за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 15 лица на подрачјето на СВР Велес, од кои 12 во Велес и три во Неготино и против нив се поднесени соодветни поднесоци“ – се вели во писменото соопштение до медиумите.

Казната за неносење маска е дваесет евра, но доколку се плати веднаш или во првите осум дена, се преполовува и изнесува 600 денари.

16.09.2021 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега