Сериозен инцидент кој можел да заврши трагично се случил вчера во Скопје, откако двајца тинејџери нападнале врсник во центарот на градот, а подоцна во Гази Баба едниот од нив пукал со пиштол кон момчето, соопшти МВР.
Ова се случило вчеравечер.
„Н.И. (39) од Скопјe пријавил дека на 11.03.2026 година во 19:30 часот во месноста Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Според пријавата, подоцна во месноста Гази Баба, едниот од нив вперил огнено оружје кон малолетникот и пукал, додека другиот фрлал тврди предмети кон неговиот син“, пишува во полицискиот билтен.


