Советот на Град Скопје одобри издвојување на 14 милиони денари за Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ наменети за набавка на нови, специјализирани комунални возила. Оваа инвестиција, како што објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, е клучна за поефикасно одржување на хигиената во главниот град.

Ѓорѓиевски истакна дека набавката се одвива по модел кој обезбедува заштеда од 2 милиони денари преку поврат на ДДВ, потврдувајќи ја посветеноста на домаќинско и рационално трошење.

Дополнителна поддршка претставуваат две возила кои пристигнуваат како донација од општествено-одговорни компании.

Градоначалникот најави уште позначаен проект:

„Веќе е почната постапката во соработка со Владата на Република Македонија и Светска банка, за набавка на повеќе од 20 нови специјализирани комунални возила.“

Новите возила се под гаранција, што ќе стави крај на високите трошоци за сервисирање и поправки на старата механизација, од кои некои се стари и повеќе од две децении. Ова, според Ѓорѓиевски, е инвестиција која се враќа веднаш, обезбедувајќи современа и достоинствена услуга за скопјани.

Exit mobile version