14-годишно девојче од Црна Гора планирала исламистички напад во Австрија, познати се деталите

Како што објавија австриските медиуми, обвинителството во Грац поднело обвинение против 14-годишно девојче по потекло од Црна Гора, кое на 17 мај беше уапсено под сомнение дека планирало терористички напад во центарот на тој австриски град, на Јакоминиплац. .

Дојавата за терористичката закана дошла од разузнавачката служба на пријателска европска земја која истражувала исламистичка ќелија во Германија и на тој начин дознала за онлајн активностите на девојчето во Грац.

Како што пренесува „Клајн Цајтунг“, обвинителството и судот сега за медиумите изјавиле дека обвинението е потврдено. Девојката, чие име не се соопштува, е обвинета дека е членка на Исламската држава, која во Австрија е класифицирана како терористичка и криминална организација.

Од нејзините онлајн активности, се чини дека таа и уште две лица планирале напади во име на Исламската држава. Едно од овие лица е уапсено во Германија. Таа добила и нож и соодветна црна облека на ИД за да изврши терористички напад врз „неверниците“ во Јакоминиплац во Грац.

Не само што се запленети ножот и облеката, туку иследниците пронашле и онлајн комуникации во кои таа испраќала слики од можни цели на напади на истомисленици во странство, вклучително и Јакоминиплац. Токму овие активности и врски доведоа до дојавата за истражителите на Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска (ЛСЕ).

При претресот на куќата пронајден е и пропаганден материјал на Исламската држава. Според обвинителството, во видеото таа се колне на лојалност кон ИД на арапски јазик.

Според Клајн Цајтунг, судскиот вештак смета дека девојчето било здраво разумно, а датумот на првото рочиште се уште не е одреден. Девојката се изјаснила за невина. Откако била приведена и спроведена во затвор, одредена и е мерка притвор поради опасност од извршување кривично дело и опасност од прикривање докази.

 
10.09.2024 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега