Close Menu
Press24
    Најново

    Тетовец продолжил со правдата на улица: Тепачка по завршување на судско рочиште

    17.03.2026 во 23:49

    Куманово: Пресретнати двајца дилери со „роба“ подготвена за пазарот

    17.03.2026 во 23:33

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тетовец продолжил со правдата на улица: Тепачка по завршување на судско рочиште
    • Куманово: Пресретнати двајца дилери со „роба“ подготвена за пазарот
    • Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате
    • Дневен хороскоп за 18 март: Младата месечина во Риби носи нови почетоци
    • Три знаци влегуваат во период на изобилство и успех
    • Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението
    • Чудо во Русија: Жена паднала од петти кат, станала и си заминала
    • Русија нема безбедни региони, предупреди Шојгу за украински напади
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Меџити: Чаир ќе биде лидер во искористувањето на Европските фондови

    Меџити: Чаир ќе биде лидер во искористувањето на Европските фондови

    16.10.2025 во 13:03Updated:16.10.2025 во 13:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес конференција истакна дека проширувањето на буџетските извори преку  европските фондови, особено преку програмата Horizon Europe, претставува  реална можност за одржлив развој и модернизација на општината.

    Меџити, придружуван од неговиот советник за финансии и буџет, Бујамин  Бела, изјави дека приоритет на неговиот тим е создавање на разновидност  во буџетската структура и обезбедување нови извори на финансирање со цел  зголемување на капиталните инвестиции и долгорочните развојни проекти.

    „Наш приоритет е да создадеме разновидност во буџетската структура и  изворите на финансирање, со цел да ја зголемиме можноста за капитални  инвестиции и долгорочни развојни проекти. Во оваа насока, постојано  истражуваме различни начини на финансирање, со јасна цел, да изградиме  поразвиен, иновативен и конкурентен Чаир. Според досегашните податоци,  Северна Македонија има добиено нето само околу 12 милиони евра од  програмите на Horizon, што претставува само 0.03% од вкупно достапните средства. Овој податок јасно покажува дека има голем простор за  напредок, и време е општините, особено Чаир, да преземат поактивна улога во оваа насока“, изјави Меџити.

    Тој додаде дека Чаир ќе следи нов пристап во развојот, преку аплицирање  за проекти што носат повеќе инвестиции, работни места и поквалитетни услуги за граѓаните, користејќи ги европските фондови и меѓународната соработка.

    Во своето обраќање, Меџити ги претстави четирите приоритети на неговатапрограма за развој на општината: -Енергија и енергетска ефикасност, -Зелена транзиција и управување со отпад, -Дигитализација и информатички технологии, -Иновации и научно истражување.

    Советникот за финансии и буџет на Изет Меџити, Бујамин Бела, нагласи  дека програмата Horizon Europe не претставува само финансиски извор,  туку и широка можност за интеграција и меѓународна соработка.

    “Со вкупен буџет од 95,5 милијарди евра за периодот 2021–2027, со продолжување до 2035 година, оваа програма отвора големи можности за локални реформи, одржлив развој и зајакнување на врските со Европската Унија“, потенцираше Бела.

    Тој претстави и неколку конкретни проекти за кои Чаир има аплицирано и кои чекаат практична имплементација:

    “Урбани предизвици и климатска отпорност“, проект со вкупна вредност од 10 милиони евра, во кој Чаир ќе учествува како репликатор заедно со градови како Барселона, Берлин, Милано, Лисабон, Порто, Букурешт и Атина;

    -“Co4RES“, европска иницијатива за интеграција на обновливите извори на  енергија во енергетската мрежа, со над 39 партнери од 15 земји, која користи дигитални механизми и напредна анализа на податоци за поголема ефикасност и одржливост;

    -“Одржлив и климатски отпорен град“, кој вклучува урбано зеленило, управување со топлината, инсталација на соларни системи (PV) во училишта и болници, како и промоција на електричен транспорт и енергетска ефикасност.

    “Веќе преземаме конкретни чекори: Во Општина Чаир формираме работни групи специјализирани за европски фондови, составени од професионалци од различни области, кои ќе подготвуваат и аплицираат со конкретни проекти во рамки на Horizon Europe и другите програми на ЕУ“, истакна кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити.

    На крајот, Меџити подвлече дека неговата цел и целта на тимот на ВЛЕН во Чаир е јасна и амбициозна:

    “Нашата цел е јасна и амбициозна: Чаир да стане лидер-општина во искористување на европските фондови во Република Северна Македонија. Заедно, со посветеност, транспарентност и знаење, ќе го изградиме Чаир на иднината, зелен, дигитален и иновативен!“,изјави Меџити.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29

    Дневен хороскоп за 18 март: Младата месечина во Риби носи нови почетоци

    17.03.2026 во 23:23

    Три знаци влегуваат во период на изобилство и успех

    17.03.2026 во 23:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.