12-годишно момче со мотор удрило во друг мотор кој бил управуван од 19-годишник, двајцата се тешко повредени

Две момчиња на возраст од 12 и 19 години се повредени откако со мотори се судриле на регионалниот пат Радовиш-Конче.

-Вчера во 18.10 часот на регионален пат Радовиш-Конче на место викано „Семеница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 12 годишен малолетник од с.Конче, радовишко и моторцикл„ктм-520“ без регистарски ознаки управуван од Б.И.(19) од с.Конче. По незгодата со возило на итна медицинска помош возачите и сопатникот на првиот моторцикл- 15 годишен малолетник од с.Конче биле пренесени во Клинички центар Штип каде од доктор на возачите им биле констатирани тешки телесни повреди, велат од полицијата.

 Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2020 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега