11 загинати и 15 ранети во вооружен напад на исламистичка група во Багдад

Вооружени напаѓачи упаднаа во село во ирачката провинција Дијала, североисточно од Багдад, при што загинаа 11 лица, а 15 беа ранети, соопштија властите.

Исламистите убија 11 лица, меѓу кои и жени, изјавија од Здружената оперативна команда.

Цел на нападот биле беспомошни цивили во селото Ал-Хаваша во близина на градот Мукдадија, соопшти командата.

Полицијата извести дека напаѓачите влегле во селото со неколку возила и биле вооружени со полуавтоматски пушки.

27.10.2021 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега