Единаестгодишно дете од Штип се здобило со тешки телесни повреди, откако изгубило контрола на својот велосипед и удило во дрво, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип.
Во соопшттението се наведува дека на 08.02.2026 во 12.10 часот во СВР Штип од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди било донесено 11-годишно момче од Штип. Според пријавеното, малолетникот управувајќи велосипед, во близина на место викано „Сончев град“ изгубил контрола и удрил во дрво.
Малолетникот е хоспитализарн во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот бил известен Јавен обвинител и извршен е увид.

