Close Menu
Press24
    Најново

    Сијарто дециден: Унгарија нема да купува поскапа нафта само за да му угоди на Западот

    13.03.2026 во 23:50

    CNN: Иран се соочува со токсичен „коктел“ по нападите врз нафтените складишта

    13.03.2026 во 23:20

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сијарто дециден: Унгарија нема да купува поскапа нафта само за да му угоди на Западот
    • CNN: Иран се соочува со токсичен „коктел“ по нападите врз нафтените складишта
    • Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда
    • Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО
    • Вучиќ најави масовно вооружување: Србија купува нови ракети и воена опрема
    • САД подготвени за масовен удар: „Трамп ги држи сите карти во свои раце“, тврди Хегсет
    • Лов на „глави“: САД нудат 10 милиони долари за информации за Мојтаба Хамнеи
    • Нафтата „лета“ во небо: Цената на барелот надмина 102 долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 100.000 пратки под контрола: Пошта доби скенер за пратки – полесно ќе се детектира шверцот со оружје, дрога и експлозиви

    100.000 пратки под контрола: Пошта доби скенер за пратки – полесно ќе се детектира шверцот со оружје, дрога и експлозиви

    02.12.2025 во 12:533 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Со капацитет за скенирање стотици поштенски пратки во минута со помош на вештачка интелигенција, скенер поставен во Царинска испостава Пошта ќе помага во детекција на огнено оружје, дрога и експлозиви. Скенерот за поштенски пратки што денеска беше презентиран на официјален настан e донација од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал во рамки на проектот Хермес 2, чија цел е спречување нелегална трговија со огнено оружје и експлозиви преку поштенски пратки во земјите од Западен Балкан.

    „Скенерот за поштенски пратки е од големо значење во заедничката борба против тероризмот, спречување пролиферација на мало и лесно оружје и недозволена трговија со дрога. Годинава во царинската испостава Пошта, каде е поставен скенерот, поминале над 100 илјади пратки, што кажува за значењето што оваа опрема ќе го има врз контролата на поштенските пратки. На овој начин, службите ќе бидат насочени да извршат навремена и прецизна проверка на сомнителните пратки“, истакна Николовски.

    Николовски потенцира дека донацијата е силен доказ за заедничката посветеност на државите во справувањето со криминалот на меѓународно ниво, преку здружени напори и усогласен одговор на сите предизвици.

    „Наша обврска како институции е да одговориме на предизвиците со сите капацитети што ни стојат на располагање, се со цел ефикасно сузбивање и целосно разобличување на криминалот“, потенцира тој и притоа се заблагодари на Канцеларијата на ОН, и на донаторите Германија, Шведска, Холандија, Франција, Обединетото Кралство и Норвешка за нивната севкупна поддршка во борбата против организираниот криминал.

    На настанот свое обраќање имаа и Киро Цветков од Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и директорот на АД Пошта, Орхан Куртиши.

    „Поседување на делови и компоненти од огнено оружје е кривично дело согласно Кривичниот законик. Еден од најчестите начини на криумчарење оружје е преку испраќање на нивни делови и компоненти во поштенски пратки. Со донацијата на скенерот, ставаме акцент на деловите и компонентите преку вградена вештачка интелигенција која ги препознава и ги детектира сомнителните пратки кои содржат ваква стока.  Истовремено, институциите работат на измени на Законот за кривична постапка, кои ќе овозможат употреба на посебни истражни мерка за делата поврзани со делови и компоненти на огнено оружје со што би се овозможило употреба на симулирана достава и фаќање на сторителите на дело“, истакна Киро Цветков програмски офицер на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал.

    Директорот на АД Пошта, Орхан Куртиши, упати особена благодарност за обуката низ која поминале службите кои ќе работат на скенерот, при што особено ја нагласи важноста на скенерот во навремено откривање на пратки со забранети супстанци.

    Популарно

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01

    Тејлор Свифт на седмо место меѓу најбогатите славни личности

    13.03.2026 во 19:54

    Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО

    13.03.2026 во 22:53

    Во Македонија денеска измерени рекордни 20 степени

    13.03.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.