10-годишно дете тешко повредено во сообраќајка во Гостивар

10-годишно дете е потешко повредено во сообраќајна несреќа во Гостивар, откако додека возел велосипед бил удрен од возило.

-Вчера во 13.30 часот било пријавено дека во Гостивар на ул.„101“, Џ.Ш.(50) од Гостивар, управувајќи патничко возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, удрил во велосипед, управуван од 10-годишник од Гостивар. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, велат од полиција.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа екипа од Полициската станица Гостивар.                                        

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.06.2020 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега