Close Menu
Press24
    Најново

    Пролет во зима: Еве што најавува УХМР до почетокот на следната недела

    25.02.2026 во 12:06

    Важно исвестување за превозниците: Камионите наместо на Ќафасан, се пренасочуваат на Блато

    25.02.2026 во 12:00

    Не им доаѓа памет: Се уште се вози без возачка, приведени осум возачи, меѓу кои и малолетник

    25.02.2026 во 11:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Пролет во зима: Еве што најавува УХМР до почетокот на следната недела
    • Важно исвестување за превозниците: Камионите наместо на Ќафасан, се пренасочуваат на Блато
    • Не им доаѓа памет: Се уште се вози без возачка, приведени осум возачи, меѓу кои и малолетник
    • Жичницата на Водно денеска нема да биде во функција – не е безбедно
    • Повторно напад во Центарот за социјални работи: Две лица насилно влегле во канцеларија и нападнале вработена
    • Кузеска: Разоткриено е сценариото ВМРО-ДУИ, Обвинителството се заплетка со притворот за Груби
    • Што се случува со температурите во Европа: На југ измерени 28°C, додека на север -26°C
    • ЗНАМ: Али, Зоки, Венко – Правдата ќе ве стигне
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Љупчо Николовски: ЕУ потврди дека Министерството за земјоделство ги напуштило реформите во шумарството

    Љупчо Николовски: ЕУ потврди дека Министерството за земјоделство ги напуштило реформите во шумарството

    21.09.2025 во 14:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По вчерашната изјава на премиерот Мицкоски дека „интензивно се работи на ЕУ агендата“, реагираше поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој на својот Фејсбук профил напиша дека  „фактите го покажуваат спротивното и дека ЕУ Делегацијата во Скопје официјално потврди оти Министерството за земјоделство ги напуштило реформите во шумарството“, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

    „Не опозицијата, не некој друг – туку самата ЕУ го вели тоа,“ истакна поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски.

    Тој во својата објава потсети дека во неговиот мандат, на негово барање, преку ЕУ беа обезбедени 1,5 милиони евра и поддршка за целосна трансформација на секторот. Како резултат на тоа, беа изработени нов европски Закон за шумите, Закон за формирање Агенција за шумите и шумската полиција, Закон за трансформација на ЈП „Македонски шуми“ и интегриран ИТ-систем за контрола на дрвната маса и шумските пожари.

    „Но, за жал, ДПМНЕ ги повлече законите и реформите ги напушти, а софтверите за следење на дрвната маса се нефункционални – бидејќи некому очигледно му одговара хаосот, а не европски стандарди и контрола,“ потенцира  Николовски.

    Поранешниот министер во својата Фејсбук објава посочува и дека зад ваквите одлуки стојат „антиЕУ центри на моќ кои прават сѐ да не се успее“.

    Популарно

    Нека не ве лаже сонцето – Полицијата ќе ве казни 2800 денари ако го немате ова во возилото

    25.02.2026 во 08:13

    Ужас во регионот: Наместо вода бабата му сипала бензин, бебето течноста ја испило во градинка и се затруло

    25.02.2026 во 09:15

    Што значи ако кокичињата цветаат пред крајот на февруари – еве зошто треба да бидеме загрижени

    25.02.2026 во 09:20

    Собранието расправа за платите на функционерите, судиите, обвинителите

    25.02.2026 во 08:06

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.