Close Menu
Press24
    Најново

    Таткото на Фросина: „Што и да сторам џабе е, после тебе ништо нема”

    23.03.2026 во 09:09

    Дневен хороскоп: Шкорпијата ќе ja открие вистината, Водолијата преполна со нови идеи

    23.03.2026 во 09:04

    Студено утро во Македонија – 57 сантиметри снег на Попова Шапка

    23.03.2026 во 08:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Таткото на Фросина: „Што и да сторам џабе е, после тебе ништо нема”
    • Дневен хороскоп: Шкорпијата ќе ja открие вистината, Водолијата преполна со нови идеи
    • Студено утро во Македонија – 57 сантиметри снег на Попова Шапка
    • СДСМ: Поскапи горива и празни фрижидери за граѓаните – Половичната мерка на Мицкоски без ефект
    • Трипуновски во дводневна посета на Брисел – Средби со претставници на ЕК
    • Уживавме во споен викенд – Наскоро следуваат 4 дена одмор
    • ФОТО: Дарко Лазиќ скршен од болкa – „Ми фали секој миг, никој нема да те замени”
    • Провејува снег низ Македонија – АМСМ информира за состојбата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанков: На Струмица и се потребни големи промени во делот на водоводот и канализацијата

    Јанков: На Струмица и се потребни големи промени во делот на водоводот и канализацијата

    01.10.2025 во 19:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков гостуваше на емисијата „За или против“ на Алфа ТВ. Тој се осврна на горливиот проблем со водоводот во општината, како и со проблемот со питката вода кој го имаа струмичани минатата година.

    Јанков рече дека во програмата има предвидено проект за решавање на водоводот во Струмица.

    „Имаме изработено проектирање на нов цевковод од брана Турија до фабриката за вода во Струмица во должина од 14 километри, бидејќи сегашните што се градени на крајот на 70-тите години од минатиот век, се од азбестно цементни цевки. Затоа ние мораме да изработиме проектна документација да видиме сето тоа колку ќе чини, за да можеме да го отпочнеме тој процес, за изградба на нов водовод кон потребите на Струмица“, истакна тој.

    Јанков потенцираше дека Владата и министерството за локална самоуправа имаат обезбедено 29 милиони денари, средства за нова пречистителна станица во село Банско.

    Во делот на аерозагадувањето, кандидатот за градоначалник Јанков, во своето излагање напомена дека планот за загадувањето ќе биде долгорочно, а не за дневно политички теми.

    „Преку поставување на повеќе мерни станици, преку кои ќе имаме увид во тоа кои региони се загадени и како да постапиме во тие региони. Кога говориме и за домаќинствата предвидуваме и субвенционирање на инвертер клими со цел намалување на загадувањето на воздухот“, појасни Јанков.

    Популарно

    Таткото на Фросина: „Што и да сторам џабе е, после тебе ништо нема”

    23.03.2026 во 09:09

    Дневен хороскоп: Шкорпијата ќе ja открие вистината, Водолијата преполна со нови идеи

    23.03.2026 во 09:04

    Студено утро во Македонија – 57 сантиметри снег на Попова Шапка

    23.03.2026 во 08:58

    СДСМ: Поскапи горива и празни фрижидери за граѓаните – Половичната мерка на Мицкоски без ефект

    23.03.2026 во 08:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.