Ковачевски: Ќе работам ден и ноќ за да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани



„Очекувањата на мнозинството граѓани е да имаме европска Македонија, тоа се очекувањата на сите граѓани кои што сакаат држава со подобар економски стандард, подобро владеење на правото, помалку корупција, подобри услуги за граѓаните“,  порача Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, пред почетокот на вечерашната емисијата „Дуел за Македонија“, на Канал 5 телевизија.
 
Притоа, Ковачевски порача дека претстои период во кој ќе има многу работа, но дека со напорна работа нема недостижна цел. 
„Северна Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ“, рече Ковачевски.
 
„Не постои друга алтернатива за Северна Македонија освен да стане држава каква што ја посакуваат граѓаните, односно да бидат донесени позитивни промени. И ме радува фактот што најголемиот дел од граѓаните сакаат да ја видат Северна Македонија како дел од ЕУ. Ние како партија и јас како претседател на СДСМ докажавме дека со нас, Македонија стана членка на НАТО, дека Македонија ги отпочна преговорите со ЕУ. Доколку го добијам мандатот односно можноста уште еднаш да бидам претседател на Владата, тогаш можам да им ветам дека ќе работам ден и ноќ напорно за да го оствариме тоа што сите го очекуваат, а тоа е Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ. Не само заради членство, туку заради тоа што граѓаните сакаат да имаат држава со подобар економски стандард, со подобро образование, со подобро здравство, со подобро владеење на правото, со помалку корупција, односно држава по европски стандарди како што ја сакаат и како што ја заслужуваат“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
03.04.2024 - 19:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега