Отишол да прошета, па се изгубил на Плачковица - активирани спасувачките екипи на ЦУК

Вчера, од крајот на денот, по јавувањето на 112 во ЦУК, имаше потрага по изгубено повозрасно лице на планината Плачковица, што заврши успешно – спасителите од Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани го пронајдоа околу еден час пред полноќ, соопштија од Центарот за управување со кризи.

„Конкретно, кон крајот од денот - во 18.08 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена информација за исчезнато лице на 66 годишна возраст. Лицето заедно со негов пријател дента се упатиле по пешачка патека кон езерото Дивичев Вир на планината Плачковица. Но, при крајот на денот, пријателот се вратил дома, а 66-годишникот возраст не, бидејќи се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани. Во потрагата на лицето прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство. За итниот случај, од ЦУК биле известени ДЗС од Кочани и Горска служба, а на потрагата се приклучиле и други субјекти од локалната самоуправа.

Регионалниот ЦУК Штип пред полноќ информираше  дека изгубеното лице на Плачковица  е пронајдено живо и во добра состојба во 22.50 часот, од страна на членови на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани. Лицето, поради подолгиот престој на студено време во планината, од спасителите било згрижено и прво затоплено, а потоа и безбедно спуштено до с.Зрновци, каде што имало возила на Полиција и на Итната медицинска помош од Кочани“, соопштија од ЦУК.

04.05.2024 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега