Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син


Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2) за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.

Таа истакнува дека не го видела телото и дека сѐ уште го чека извештајот од обдукцијата на синот.

Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.

Мајката на Драгијевиќ за „Нова.рс“ изјави дека никој не дошол кај неа да ѝ каже дека син ѝ е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за погребот.

„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата сѐ уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие сѐ“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.

Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала оти Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се многуте повреди што ги имал на телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.

Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го скрие телото на детето.

Телото на Данка сѐ уште не е пронајдено.

24.04.2024 - 15:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега