Фатена на дело: Жена се обидела да изврши кражба во продажен објект


Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, ја лишиле од слобода Г.И. (50) од гостиварско Неготино.

Како што соопшти МВР, таа била фатена при извршување кражба во продажен објект, по што се обидела да побегне, но била спречена и лишена од слобода.

По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, посочуваат од МВР.

03.05.2024 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега